Свет
5. July 2019 - 8:50

Путин побара од Италија помош за обновување на врските со ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин побара од италијанскиот премиер Џузепе Конте да помогне во подобрувањето на односите на Русија со ЕУ и за укинување на санкциите против Москва.

По состанокот со Конте, Путин изрази надеж дека Италија ќе ја објасни штетата до ЕУ предизвикана од економските санкции што ЕУ и САД ги воведоа за Русија во 2014 година.

„Европските земји пропуштија шанса да продаваат стоки во вредност од милијарди на рускиот пазар,и тоа значи загуба за сите нас”, рече Путин.

Според него, поради санкциите, Русија загубила околу 50 милијарди долари од 2014 година, но земјите на ЕУ претрпеле многу поголема штета.

Путин рече дека се надева дека новите лидери на Европската комисија конечно ќе ја видат штетата на анти-руските санкции и ќе се обидат да изградат добри односи со Русија.

Италијанскиот премиер изјави дека Италија ќе се обиде да помогне во обновувањето на односите Русија-ЕУ.

За време на посетата на Италија, Путин се сретнал приватно со својот долгогодишен пријател и поранешен италијански премиер Силвио Берлускони.