Свет
30. December 2018 - 12:55

Путин откри каде ќе оди за Нова година: Рускиот претседател останува во Москва, а еве што ќе прави

Рускиот претседател Владимир Путин новогодишните и божикните празници ќе ги помине во Москва и тоа време ќе го искористи за да се занимава со спорт.

„Немам некои специјални планови“. Ќе бидам овде, во Москва. Ќе видам подоцна. Можеби ќе играм хокеј на лед или ќе одам на скијање“, рече Путин за каналот „Русија24“.

Агенцијата Итар Тасс наведува дека Путин во саботата вечер играл хокеј на московскиот Црвен плоштад.

Во прашање е пријателскиот натпревар на „Ноќната лига“, а победата со резултат 14:10 ја однесе тимот, во кој покрај Путин, играа и ѕвездите на хокејот како и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.