Свет
15. јуни 2017 - 12:17

Путин одговара на прашања на граѓаните, пристигнале два милиона

Рускиот претседател Владимир Путин почна денеска да одговара на прашања на граѓани во рамки на традиционалната Директна линија, која се пренесува во живо на голем број медиуми.

Оваа година Путин добил меѓу 1,8 и два милиона прашња. Првото прашање се однесуваше на економската криза во Русија, а Путин нагласи дека економијата на државата излегла од рецесија.

Тој искажа загриженост бидејќи во изминатите години е зголемен бројот на граѓани, кои живеат под границата на сиромаштија и дека во прашање се 13,5 отсто од граѓаните.

Тоа е 15. Директна линија со Владимир Путин.