Свет
17. јуни 2017 - 15:09

Путин: Новите санкции на САД против Русија ќе ги влошат билатералните односи

Новите санкции на САД против Русија нема да „ја притиснат земјата во ѕид“, но ќе им наштетат на билатералните односи, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. 

- Што и да се случи, каква одлука и да донесат преку океанот, тоа нема да не „притисне во ѕид“, нагласи Путин. 

- Сигурно ќе биде наложено да коригираме нешто, да направиме нешто дополнително, на нешто да обрнеме дополнително внимание, но тоа нема да не турне во ќор-сокак или во некаков колапс, увери рускиот претседател. 

- Сепак, природно ќе ги отежни руско-американските односи, според мене тоа е штетно, предупреди тој. 

- Сега, сепак е премногу рано да се зборува за било какви одмазднички чекори, треба да видиме како ќе завршат работите, додаде Путин.