Путин: Неприфатливо е да се кршат интересите на суверените држави
Категорички е неприфатливо да се работи во спротивност на интересите на суверените држави и да се применува политика на двојни стандарди при решавањето на проблемите од регионалната и глобалната безбедност, изјави денеска претседателот на Русија Владимир Путин.
- За ефикасно решавање на тие компликувани проблеми потребна е координација на напорите на сите членки на светската заедница. Притоа, исклучително важно е придржување до принципите на меѓународното право при обезбедувањето на регионална и глобална безбедност, истакна Путин во пораката која ја прочита секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев на отворањето на Меѓународната конференција на високите претставници за безбедност.
- Сакам да нагласам оти Русија е подготвена на поблиска соработка со сите заинтересирани партнери со цел да се намалат заканите и предизвиците со кои се среќава човештвото, заклучи рускиот претседател.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето