Живот
14. April 2016 - 14:27

Путин: Не сум подготвен јавно да говорам за мојот приватен живот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е свесен оти луѓето се интересираат за неговиот приватен живот, но додаде дека тој се уште не е подготвен да ги задоволи со бараните информации.

Како што јави ТАСС, на прашањето кога јавноста ќе ја запознае прва дама на Русија, Путин шеговито одговори: „Искрено, не знам како ќе влијае тоа на курсот или на цената на нафтата“. 

- Луѓето ги бираат пратениците и претседателите со цел тие ефикасно да работат, а нивниот личен живот не е од приоритетно значење, наведе Путин.

Тој додаде дека за него е разбирливо што луѓето ги интересираат деталите од неговиот приватен живот. 

- Сепак тоа не е толку важно. А можеби и би можел еден ден да го задоволам вашиот интерес, рече Путин, одговарајќи на прашањата на еден сонародник за време на „Директната линија“ со граѓаните.