Џет-Сет
18. January 2019 - 9:16

Путин не можеше да го тргне погледот од Цеца: Додека стоеја пред храмот Св. Сава рускиот претседател ја гледаше само неа

Во текот на пречекот на претседателот на Русија Владимир Путин во Белград, се појави и српската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Пејачката истакна дека и била голема чест што се нашла во друштво со претседателот на Руската Федерација, претседателот на Србија Александар Вучиќ и Милорад Додик, член на Претседателството на БиХ.

„Драго ми е што присуствував, за мене тоа е голема чест, во друштво со патријархот и владиката, како и тројца државници и министри во Владата, порача Ражнатовиќ за српски Курир.

Меѓутоа, еден детаљ падна во очи. Никој не можеше да го игнорира тоа што Путун цело време гледал во српската фолк ѕвезда.