Свет
14. March 2016 - 21:11

Путин нареди повлекување на главнината на руските сили од Сирија

Рускиот преседател Владимир Путин денеска му нареди на Министерсвото за одбрана на Русија да започне со повлекување на главнината на руските сили од Сирија, јави ДПА. 

- Задачата што им беше доверена на Министерството за одбрана и на вооружените сили е целосно исполента, изјави Путин по средбата со руските министри за одбрана и за надворешни работи, Сергеј Шојгу и Сергеј Лавров.    

- Затоа му наредив на министерот за одбрана да започне со повлекување на главнината на нашите сили од Сириската Арапска Репубила, нагласи Путин, додавајќи дека повлекувањето ќе започне од утре.

Рускиот преседател при тоа изрази надеж дека повлекувањето на руските сили „ќе биде поттик за изнаоѓање политичко решение за конфликтот“ во Сирија.

ТАСС од своја страна јави дека со одлуката на Путин за повлекување на руските сили од Сирија се согласил и сирискиот претседател Башар ел Асад.