Свет
21. September 2022 - 16:42

Путин нареди делумна мобилизација - 300.000 резервисти ќе одат во војна, бурни реакции од ЕУ и САД

Претседателот Путин во обраќањето до нацијата повика на делумна воена мобилизација за одбрана на Русија и Донбас. Се закани и дека ќе употреби нуклеарно оружје доколку биде загрозена руската територија.

Ова е прва воена мобилизација во Русија од Втората светска војна. Почнува веднаш, а министерот за одбрана Шојгу објави дека на украинскиот фронт заминуваат 300 000 резервисти.

Запад и Киев во првите реакции на руската мобилизација порачаа дека овој потег само покажува дека Путин е во паника и ја губи војната. Белата Куќа дека америкаснкиот пресетадетл Бајден во попладневното обракање во ОН ќе ги повика сите светски лидери да се обединат и цврсто да застанат против руската агресија. Германија го осуди потегот на Москва и најави уште посилна поддршка за Украина.

За ЕУ одлуките на Русија се знак дека Путин сака ескалација на војната. Додека Кина претпазливо повикува на смирување на тензиите и мировни преговори.

Во меѓувреме, по повикот за мобилизација  во Русија масовно се купуваат авионски билети во еден правец, најпосакувана дестинација Турција, за каде визи не се потребни.Латвија веќе најави дека нема да ги прими Русите кои бегаат од државата поради мобилизацијата. На улиците на Москва поделени мислењата.

Кремљ засега одбива да коментира за можноста да ги затвори границите поради мобилизацијата. Паралелно војната во Украина продолжува, а последните информации зборуваат за дефекти на нуклеарната централа Запорожје настани при бобардирањето.