Свет
23. March 2017 - 10:34

Путин: Нападот во Лондон покажува потреба за заедничко дејствување

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека нападот пред британскиот парламент нагласува потреба за заедничка борба против тероризмот.

Во писмо до британската премиерка Тереза Меј тој наведува дека „терористичките сили се однесуваат подмолно и на циничен начин“.

– Неопходно е да се обединат напорите на меѓународната заедница за да се спротистават на терористички закани, пишува Путин во писмото. Тој изрази и сочувство до семејствата на жртвите.