Путин најави дека ќе се кадидира за нов мандат на изборите во март
Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во март како независен кандидат и оти очекува широка поддршка од партиите и народот во Русија.
На годишната прес-конференција во Москва Путин прецизираше дека се уште не назначил шеф на неговиот изборен штаб и не сакаше во детали да зборува за неговата предизборна програма, но увери дека таа е веќе изработена.
- Политичката клима во Русија мора да биде конкурентна, а политичкиот систем да биде избалансиран, изјави шефот на руската држава. - Луѓето во Русија во голема мера се во право кога изразуваат незадоволство, но опозицијата не може да понуди вистински агенда, изјави Путин.
Тој нагалси дека Русија мора да биде модерна земја со флексибилен политички систем.
- Русија треба да биде насочена кон иднината, треба да биде многу модерна, политичкиот систем треба да биде флексибилен, економијата треба да се базира на висока технологија. Продуктивноста на трудот треба постојано да се зголемува, истакна Путин.
Според него, власта и целото руско општество треба да се фокусираат и на проблемите поврзани со развојот на инфраструктурата, здравството, образованието и кон зголемување на приходите на граѓаните.
Рускиот претседател денеска почна да одговара на прашањата на 12-та годишна конференција за новинари во Москва, за која се акредитирани рекордни 1.640 новинари.
На големата прес-конференција, која Путин ја држи во декември за да ги сумира резултатите од годината што изминува, не постојат ограничувања што се однесува на темите, па така рускиот претседател одговара на прашања од внатрешна и надворешна политика и други сфери од политиката но и за неговиот личен живот.
Што се однесува на времетраењето на прес-конференцијата, постои извесно ограничување, но истовремено должината е флексибилна.
Најдолгата конференција за новинари која ја држил Путин беше онаа во 2008 година која траеше четири часа и 40 минути, а најкусата беше во 2001 со времетраење од еден час и 33 минути. Од 2004 година, неговите годишни прес-конференции не траат помалку од три часа.
Вакви конференции Путин држи од 2001 година, а пауза имаше во периодот од мај 2008 до мај 2012 година кога беше премиер на Русија.
Ново на Сител
-
Парламентот на Грузија забрани маски и пиротехнички средства за време на протести
-
Руанда сака да биде домаќин на трка во Ф1
-
Кривична пријава за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата
-
Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти
-
18-годишник се здобил со тешки повреди откако со возило излетал од патот кај Гостивар
-
Фатен бегалец од затвор
-
ЈОРСМ: Преземени сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во „Таргет-Тврдина“
-
ССМ: До крајот на годината работодавачите да исплатат К-15, право загарантирано со ОКД