-->
-->
Путин на самитот Г20 ги критикуваше санкциите против Русија
-->
Рускиот претседател Владимир Путин денес во Буенос Аирес ја критикуваше „лошата пракса на еднострани санкции и трговски протекционизам“, пред отворањето на самитот Г20 во аргентинската престолнина.
„Не можеме да не забележиме дека нечесната конкуренција сѐ почесто го заменува чесниот дијалог заснован врз еднаквоста меѓу земјите“, кажа Путин на средбата со лидерите на земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република).
„Се шири лошата пракса на посегнување по незаконски еднострани санкции и протекционистички мерки“, истакна рускиот претседател чија земја од 2014 година е под тешки европски и американски економски санкции поради кризата со Украина.
Изјавата следи и откако американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно ја откажа билатералната средба со Путин предвидена за маргините на самитот на дваесетте најразвиени земји во светот.
Трамп пресвртот го објасни со тоа што Русија во неделата заплени три украински воени брода и зароби 24 украински морнари во најновата ескалација на тензиите меѓу двете земји во Црното Море.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица