Свет
8. May 2017 - 10:43

Путин му ја честиташе победата на Макрон


Рускиот претседател Владимир Путин денеска му ја честиташе победата на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција, соопшти Кремљ. 

Путин ја потврдил подготвеноста за конструктивна соработка на полето на билатералните односи, како и регионалните и глобалните прашања. 

Тој, како што јави ТАСС, нагласил дека тоа е во согласност со интересите на двете земји. 

Макрон синоќа беше избран за нов претседател на Франција со освоени 66,06 отсто од гласовите на вториот круг од претседателските избори во земјата.