Свет
18. August 2018 - 20:37

Путин ќе одржи средба со Меркел

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Берлин, каде ќе оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел. 

Се очекува на средбата, Путин и Меркел да зборуваат за ситуациите во Сирија и Источна Украина, белатералната соработка, како и енергетските прашања. 

Претходно денеска, рускиот претседател престојуваше во Австрија, како гостин на свадбата на австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсел.