Свет
4. October 2017 - 22:02

Путин; Ким Џонг-ил лично ми кажа за нукеларната бомба

Претседателот на Русија, Владимир Путин тврди дека на почетокот од 21 век покојниот лидер на Северна Кореја, Ким Џонг-ил му  кажал дека земјата поседува нуклеарна бомба.

- Кога бев во посета на Јапонија во 2001 година, поминав и во Северна Кореја, каде се сретнав со таткото на актуелниот лидер на таа земја. Тогаш тој ми кажа дека имаат нуклеарна бомба. Сеул во тоа време беше во дострел на нивните стандардни артилериски системи. Кога беше тоа? 2001 година. Сега е 2017 година, земјата цело време живееше под санкции и наместо нуклеарна бомба сега имаат хидрогенска, посочи Путин.

Тој наведе дека санкциите на Западот кон Северна Кореја на ниту еден начин не ја смениле ситуацијата. 

Рускиот претседател изрази сомнеж дека нападот е едно од решенијата за разоружување на Северна Кореја.

- Воинствената реторика е опасна. Да бидеме директни. Дали е можен глобален напад? Секако. Дали ќе ја погоди целта? Тоа не е познато, бидејќи никој со сигурност не знае што имаат и каде. Никој не е сто отсто сигурен, тоа е затворена земја. Ете ви одговор. Дали тогаш ни треба таква реторика? Се сомневам, посочи Путин.

Тој како решение за севернокорејската криза предлага дијалог, а за другите опции оцени дека водат во „опасен ќорсокак“.