Свет
9. May 2019 - 16:14

Путин ја прослави победата над фашизмот без странски гости

Путин на денот на Победата над фашизмот повика на борба против тероризмот, неонацизмот и екстремизмот

Традицонално со голема воена парада Русија  го одбележа 9 мај Денот на победата над Фашизмот во Втора Светска војна. Оваа година претседателот Путин не покани странски претставници. Од Црвениот плоштад  во Москва Путин ја повика меѓуанродната заедница  на создавање на единствен механзиам за безбедност во борбата против тероризмот, неонацизмот и екстремизмот.

- Русија  ќе соработува со сите кои се подготвени вистински да се борат против таквите закани. Ние ги повикуваме сите земји да ја сфатат нашата заедничка одговорност за создавање на ефикасно, еднаков за сите, систем за безбедност, истакна Путин.

На 74 парада по ред  учествуваа  13 илјади војници  и и беа прикажани повеќе од 130 видови на најмодерни  оружја. Иако беше најавено изостана дефилето со  напредни летала. Советскиот сојуз даде 27 милиони животи во борбата против фашизмот.