Свет
29. March 2016 - 23:27

Путин: Извозот на руско оружје минатата година изнесувал 14,5 милијарди долари

Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави дека вкупниот извоз на оружје од Русија минатата година изнесувал 14,5 милијарди долари.

Тој податоците ги изнесол на состанокот на претседателската комисија за воено-техничка соработка.

На состанокот Путин истакнал дека вкупниот обем на странски нарачки на руско оружје ја надминал сумата од 56 милијарди долари.