-->
-->
Путин изрази сочувство до Ердоган поради нападот во Истанбул
-->
Рускиот претседател Владимир Путин му изрази сочувство на шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган во врска со убиството на турски и странски државјани за време на терористичкиот напад во синоќа во ноќен клуб во Истанбул, соопшти прес службата на Кремљ.
- Тешко ми е да си замислам поцинично злосторство од убиството на цивили во екот на празнувањето на Новата година. За терористите сепак целосно се страни правилата на човечкиот морал. Наша заедничка должност е да пружиме одлучен отпор на терористичката агресија, нагласи Путин во телеграмата со сочувство.
Тој потврди дека во борбата со тоа зло Русија останува надежен партнер на Турција.
Путин изрази сочувство кон роднините и блиските на загинатите и им посака побрзо закрепнување ранетите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите