Путин изрази надеж дека СЗО наскоро ќе ја одобри Спутник В
Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека Светската здравствена организација (СЗО) наскоро ќе ја одобри вакцината против коронавирусот Спутник V, велејќи дека овој потег е суштински за зголемување на глобалните резерви.
Одобрувањето на СЗО би било знак за меѓународна доверба во вакцината по ригорозниот процес на тестирање и може да го отвори патот за вклучување на вакцината во програмата Ковакс, во чии рамки агенцијата на ОН и клучните партнери испраќаат вакцини против Ковид во десетици земји низ светот, зависно од потребите.
Рускиот лидер исто така рече дека одобрението на СЗО ќе им овозможи на Русите и на другите кои ја примиле вакцината Спутник V слободно да патуваат, а ги има околу 200 милиони ширум светот.
Путин, кој постојано повторуваше дека вакцинацијата треба да остане доброволна и покрај зголемувањето на бројот на инфекции во Русија, нагласи дека властите користат „убедување, а не притисок“ и оти се борат со „предрасудите и митовите кои предизвикуваат аверзија кон вакцинацијата“.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата