Свет
9. February 2018 - 22:33

Путин изненади: Немам паметен телефон, интернет воопшто не користам

И додека повеќето од нас тешко можат да се замислат дури и еден час без паметне телефон, рускиот претседател Владимир Путин вели дека воопшто го нема. 
 
За себе вели дека е „технофоб“ и признава дека никогаш не користи Интернет. Повеќе сака за важните работи да го информираат најблиските соработници. 
 
Својата нетрпеливост кон современите технологии ја истакна и за време на состанокот  со научниците и академците во Сибир по изјавата на членовите на институтот за нуклеарно истражување за тоа како „денеска секој има паметен телефон во џебот“. 
 
- Велите дека сите имаат паметен телефон, но јас го немам, низ смеа рекол Путин. 
 
Рускиот претседател своевремено изјавил  дека Интернет проекот на ЦИА е место за порнографија. Истакнал дека, за разлика од Трамп кој е „опседнат со Твитер“, нема апсолутно никаков интерес консоцијаолните мрежи.