Свет
25. May 2018 - 18:40

Путин: Иран ги спроведува своите меѓународни обврски

- Претседателот на Русија Владимир Путин денеска на Економскиот форум во Санкт Петербург, изјави дека Москва е подготвена за дијалог со САД, но, за предложениот самит меѓу него и претседателот на САД Доналд Трамп, во моментов има многу проблеми.

Путин истакна дека поради новите проблеми со Северна Кореја, Иран, како и поради страв од нова трка на вооружување, мора да се одржи самит меѓу САД и Русија.

- Ние сме подготвени за дијалог со Трамп. Сепак, за сега тоа не успева. Се појавуваат многу проблеми, рече претседателот на Русија.

Тој го пофали Трамп за тоа дека ги одржа своите предизборни ветувања, но, нагласи оти не се согласува со неговата одлука да се повлече од нуклеарниот договор со Иран.

Путин рече дека Иран ги спроведува своите меѓународни обврски и дека не прави ништо казниво.

Тој смета дека Трамп не изгубил по прашањето за Иран, туку дека можеби на внатрешен план и победил, но, нагласи оти укинувањето на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година беше голем губиток за Трамп.

Рускиот претседател истакна оти е неприфатливо тоа што САД ги применат своите правила надвор од сопствените граници.
 

- Тоа мораме да го запреме, тоа е неприфатливо, рече Путин.

Тој додаде дека Русија ќе направи се што може, за во светот да нема нови закани