Путин им ја честиташе Новата година на Трамп и Обама
Рускиот претседател Владимир Путин на американскиот претседател во заминување Барак Обама и на новоизбраниот Доналд Трамп им ја честиташе претстојната Нова година.
„За жалење е тоа што администрацијата на американскиот претседател Барак Обама својата работа ја завршува на ваков начин, но, без разлика на тоа, нему и на членовите на неговото семејство им ја честитам престојната Нова година. Исто така, им честитам на новоизбраниот претседател Трамп и на американскиот народ“, се наведува во соопштението на рускиот претседател, пренесува ТАСС.
Путин денеска кажа дека нема да протера ниту еден американски дипломат во знак на одмазда за најновите санкции на Вашингтон кон Москва.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно му предложи на Путин, како противерка, од земјата да се протераат 35 американски дипломати, само еден ден откако САД објавија низа санкции кон Москва заради обвинуваата за хакирање со цел мешање во американските избори, пренесе ТАСС.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација