Свет
7. November 2017 - 15:07

Путин и Трамп ќе се сретнат на Самитот на АПЕК во Виетнам

Кремљ денеска најави дека за време на Самитит на Организацијата на азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) во Виетнам, ќе се одржи и среба меѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп. 

Портпаролот на Путин, Димитриј Песков изјави дека средбата се уште е во фаза на подготовка, но во рамките на Самитот со сигурност ќе има можност за разговор по најважните светски прашања, како што е кризата околу севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

Ова ќе биде втора средба на Путин и Трамп, по Самитот на групата Г-20 во Хамбург во јули годинава.