Свет
28. March 2016 - 20:49

Путин и Рохани се залагаат за интензивирање на билатералните односи

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот ирански колега Хасан Рохани за време на денешниот телефонски разговор се согласија да ги интензивираат билатералните односи.

- Путин и Рохани разговараа и за судирите во Сирија, каде  двете земји се сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад, се наведува во соопштението од Кремљ.

Рохани оцени дека соработката и координацијата меѓу Техеран и Москва се клучни за мирот во Сирија.

- За време на прекинот на огнот, политичките преговори (меѓу сириските групи) треба да се забрзаат, но тоа не треба да ја запре борбата против терористите во Сирија, посочи Рохани, јави иранската државна агенција ИРНА.