Loading Video...
Свет
6. February 2018 - 21:20

Путин и официјално регистриран како кандидат на престојните претседателски избори

Руската централна изборна комисија и официјално го регистрираше актуелниот претседател Владимир Путин како кандидат на следните претседателски избори закажани за 18 март. Путин на овие избори се кандидира како независен кандидат.За регистрација му беа потребни 300 000 избирачки потписи, а тој успеа да собере 1,6 милиони. Покрај Путин,најверојано уште седум кандидати ќе се борат за претседателската фотеља.