Балкан
5. October 2016 - 22:54

Путин и Ердоган разговараа за решавање на кризата во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараа за потребата за интензивирање на меѓународните напори за завршување на конфликтот во Сирија, соопшти Кремљ,

- Нагласена е потребата за зајакнување на напорите на меѓународната заедница да се оствари мирен политички процес во Сирија, да се создадат услови за смирување на ситуацијата и за решавање на акутните хуманитарни проблеми, се посочува во соопштението од Кремљ.