Путин и Ердоган прават нова стратегија: По повлекувањето на Америка од Сирија мора да ги решат овие три прашања
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин денеска ќе ја одржат првата тет-а-тет средба во 2019 година, јави агенцијата Анадолија.
За време на еднодневната работна посета на Ердоган на Москва, двајцата лидери ќе разменат мислења за регионални и меѓународни прашања, особено за Сирија, како и за билатералните односи меѓу Турција и Русија.
Во пресрет на посетата, рускиот дневен весник „Комерсант“ минатата недела објави статија на Ердоган под наслов „Турско-руската соработка, клучна за решавање на кризата во Сирија“.
– Ние нема да бараме совет за тоа како да се справиме со една терористичка организација, чии активности се насочени против нашите граѓани повеќе од 30 години, или да бараме дозвола за борба против тероризмот… Го задржуваме правото, при создавање соодветни услови, да ги гониме терористите кои ѝ се закануваат на нашата земја од сириска територија, напиша Ердоган во статијата.
Ердоган истакна дека Турција нема проблем со сириските Курди, ниту со другите групи кои живеат во границите на соседната земја, потсетува Анадолија.
Нагласувајќи дека повлекувањето на САД од Сирија е чекор во вистинската насока, Ердоган истакна дека „Сириската криза можат да ја решат само оние земји кои имаат корист од заздравувањето на сириските рани и кои ќе бидат повредени од нивното продлабочување“.
Ердоган и Путин имаа седум тет-а-тет средби во 2018 година и 18 телефонски разговори во кои е дискутирано за билатералните односи и случувањата во регионот, особено во Сирија, подвлекува Анадолија додавајќи дека Ердоган и Путин минатата година се сретнаа и на маргините на вкупно шест самити.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно