Свет
15. May 2018 - 15:47

Путин го прикажа светското руско чудо: Рускиот претседател седна во камион и прв се провозе низ кримскиот мост

Рускиот претседател Владимир Путин отвори за сообраќај мост кој ќе ги поврзе Крим и Русија.

Мостот ќе го намали сообраќајот на полуостровот.

Путин седна во камион „камаз“ и прв се повози на новиот мост.

Тој им честиташе на работниците, што го завршија мостот шест месеци порано од поставениот рок.

Кримскиот мост е долг 19 километри, најдолг е во Русија и Европа а иде преку Керчковиот пролаз кој го раздвојува Азовското море од Црното и го поврзува полуостровот Керч на Крим со Таманскиот полуостров на југот на Русија.

Путин пушти во промет автопат со 4 ленти на кој нешто подоцна ќе ми се изгради и железничка пруга.

Изградбата на мостот започна во 2016 годинаа руската држава и ја додели довербата на копманијата на рускиот милјардер Аркадија Ротенберг, кој инаку е добар пријател на Путин.

Видеото можете да го погледнете  ТУКА