Путин го информира Ердоган за посетата на сирискиот претседател на Москва
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски го извести шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган за вчерашната средба со Башар ал Асад во Москва, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Путин и Ердоган се договориле подетално да разговараат за ситуацијата во Сирија на средбата на Г-20, што треба да се одржи следниот месец.
Ердоган изрази загриженост поради нападите во сирискиот град Алепо и неговата околина, наведувајќи оти истите можат да предизвикаат нов бегалски бран.
Во телефонски разговор Ердоган го потенцирал значењето на Турција во борбата против сите терористички групи, вклучително и Исламска држава.
Турскиот претседател во телефонскито разговор ги посочил и врските меѓу сириските курдски Сили за заштита на народот и борците на Курдската работничка партија (ПКК), кои со децении водат борба против турската држава.
Во меѓувреме, Асад изјави дека руската акција ги спречила терористите да заземат поголема територија од Сирија.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска