Путин ги потпиша уставните измени
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша денеска законот за уставни измени, по што документот ќе му биде предаден на разгледување на Уставниот суд, соопшти неговиот кабинет.
Како што е наведено, Уставниот суд ќе има рок од седум дена да потврди дали законот е согласно рускиот Устав, а потоа ќе биде распишан референдум. Планирано е гласањето да се одржи на 22 април, а својот глас можат да го дадат сите државјани на Руската Федерација постари од 18 години. Доколку половина од излезените граѓани на гласање се изјаснат позитивно за уставните реформи, тогаш тој ќе стапи во сила.
Претходно сите уставни измени ги одобри руската Државна дума, а потоа и Советот на Федерацијата.
Измените во Уставот подразбираат, меѓу другото, нови социјални гаранции, како и гаранции за зачувување на територијалниот интегритет и рускиот јазик, а, исто така, и голем број измени во државното уредување кога станува збор за владата, државните функционери, како и претседателот.
Со реформите му се овозможува на актуелниот претседател Владимир Путин повторно да се кандидира на претседателските избори во 2024 година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација