Бизнис
22. јуни 2016 - 12:44

Путин: Економијата е поважна од безбедноста и надворешната политика

Решавањето на проблемите поврзани со економијата и социјалната сфера на Руската Федерација, имаат поголемо значење од прашањата за безбедноста и меѓународната политика, изјави денеска претседателот Владимир Путин на свечена седница на Државната дума. 

- Се е важно, и безбедноста и меѓународните односи, но нема ништо поважно од економијата и социјалната сфера, истакна Путин. 

Како што јави ТАСС, Путин нагласи дека истото важи и за здравството, образованието, комуналните служби, поддршката на мајчинството и детството.

- Се разбира тоа се многу сложени, може да се каже дури и тешки прашања, но од тоа како ние со вас ќе ги решаваме ќе зависи и иднината на нашата земја, нагласи рускиот претседател.