Свет
13. July 2020 - 15:18

Путин: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Русија е помал од другите земји

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Русија е многу помал отколку во другите земји, јави ТАСС.

– Бројот на смртни случаи во Русија на примерок од 100.000 пациенти заразени со коронавирус е помал отколку во другите земји, вклучително и земји од ЕУ со развиени здравствени системи, рече Путун.

Тој посочи дека бројот на новозаразени лица се стабилизира и не расте, а бројот на пациенти кои закрепнале расте од ден на ден.