Бизнис
24. November 2018 - 13:12

Пуштени во сообраќај две делници од Коридорот 10 од Србија кон Македонија

 Делниците од автопатот на Коридорот 10 кон македонската граница, Долни Нерадовац – Српска куќа и Српска куќа – Левосоје, пуштени се во сообраќај, соопшти Јавното претпријатие „Патишта Србија“.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, овие две делници со придружните петљи Бујановац 1 и Бујановац 2 отворени се за сообраќај во петокот.

Во сообраќај, како што се наведува, пуштена е трасата на автопатот со должина од 8,81 километри, што е дел од проектот за изградба на автопатот Е-75, од Белград преку Ниш до границата со Македонија.

Српската министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ пред десет дена најави дека до крајот на годината ќе биде пуштен во сообраќај и преостанатиот дел од автопатот Е-75 кон Македонија, во делот на Грделичка клисура.