-->
-->
Пуштени во продажба билетите за дуелот Вардар - Копенхаген
-->
Од денеска пуштени се во продажба билетите за натпреварот од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони меѓу македонскиот првак Вардар и данскиот Копенхаген.
Управата на Вардар реши, билетите за овој меч да се продаваат по цена од 300 денари.
Вардарци добија можност овој меч да го играат на Националната Арена „Филип Втори“, а согласно препораката на УЕФА и договорот на двата тима првиот натпревра ќе се игра во Скопје во вторник (25 јули), додека реваншот во Копенхаген е на 2 август.
Билетите ќе се продаваат преку интернер страната на „ticketplus.mk“, и на вообичаената продажна мрежа како и досега.
Според објавеното на „ticketplus.mk“ ќе се продаваат воезници само за дел од Јужната (блок 1,2,3,4 и 5) и Западната трибина (блок 29 и 30).
Ваквата одлука се должи на тековните работи на останатите две трибини (Северна и Источна ) кои се подготуваат за претстојниот дуелот од УЕФА Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кој ќе се игра на 8 август, па затоа тие две трибини ќе останат затворени за мечот меѓу Вардар и Копенхаген.
Натпреварот меѓу Вардар и Копенхаген во фторник ќе започне во терминот од 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та