Пуштени во оптек две нови ковани пари за колекционерски цели
Народната банка на Република Македонија ги пушти во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на петелот – петел со ангел“, и „Година на петелот – ветроказ со петел“.
Кованата пара „Година на петелот – петел со ангел“ на аверсот, во центарот на кованата пара се претставени грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во центарот на кованата пара е прикажана слика на ангел во боја кој седи во запрежна кола влечена од петел. Ангелот е опкружен со цвеќе. Под и над централниот дел на сликата е прикажан цветен орнамент. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.
Кованата пара „Година на петелот – ветроказ со петел“ на аверсот, во центарот на кованата пара се претставени грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во центарот на кованата пара е претставена слика на петел во боја, во облик на ветроказ, со сонце во заднината. Под петелот е прикажана годината на петелот – „2017“. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.
Овие ковани пари се изработени од сребро Аg 925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто 26,16 г, и во кружна форма со димензија 38,61 мм.
Цената на кованите пари „Година на петелот – петел со ангел“ и „Година на петелот – ветроказ со петел“ изнесува 3.500,00 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората