Бизнис
15. December 2016 - 16:45

Пуштени во оптек банкноти од 200 и 2000 денари

Од денеска граѓаните со новите пари ќе можат да  плаќаат сметки, паркинг, да  купуваат  во продавница. Тие се достапни во сите банки. Можат да се подигнат од шалтер но сеуште  ги нема во банкоматите.  Тие треба да се сервисираат и нивниот систем да се прилагоди на парите со нови апоени. Од банките очекуваат дека тие  ќе бидат прифатени од граѓаните.  За сметка на новите банкноти од употреба ќе биде повлечена 5.000 ката, која  ниту граѓаните ниту банките не ја користеа многу  поради нејзината висока номинална вредност.

Банконите се соодветно заштитени. Печатени се на специјална хартија во бела боја.

До 28 февруари догодина деловните банки ќе ја заменуваат пет илјадарката, а од март тоа ќе го прави НБРМ.

Ова е прв пат после 20 години Народната банка да пушти нови банкоти со кои се менува апоенската структура на книжните пари во оптек.