Балкан
5. January 2018 - 13:50

Пуштена од притвор мајката која на новогодишната ноќ бебето го фрли во контејнер

Жена од Сараево која во новогодишната ноќ го оставила новороденчето во контејнер, вчера е уаспени, а денеска пуштена на слобода.

Веста ја потврдија од Кантоналното обвинителство кое соопшти дека 39-годишната Џ.Б. е пуштена да се брани од слобода.

-Според одлуката на обвинителот од постапката, кривичното дело е преквалификувано во кривично дело обид за чедоморство, а осомничената е пуштена да се брани од слобода бидејќи нема законска основа за предложување притвор, соопштија од обвинителството.

Инаку мајката од Сараево своето бебе го фрли во контејнер во улицата Кошево во ногогодишната ноќ. Девојчето го пронајдоа двајца полицајци од Полициската станица Центар. Бебето, за среќа е во стабилна здравствена состојба.