Македонија
11. August 2015 - 14:15

Пуштен за сообраќај патот Тетово – Јажинце кај село Порој

Нормализиран е сообраќајот за сите видови на возила на регионалниот патен правец Тетово – Јажинце кај село Порој, информираат од АМСМ. 

Градежните работи на овој патен правец продолжуваат и се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената патна сигнализација.

Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

- На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, велат од АМСМ.