Македонија
6. August 2021 - 21:37

Пуштен за сообраќај патот Берово-Кочани

Од 19:45 часот е пуштен за сообраќај регионалниот пат Берово-Кочани, поточно од Смојмирската крстосница кон Кочани, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.

Овој патен правец од попладнево беше затворен за сообраќај поради намалена видливост од пожар.