Македонија
25. November 2016 - 12:44

Пуштен во употреба патот што ги поврзува селата Мало и Големо Турчане со Беловиште и Балиндол

Локалниот пат што ги поврзува селата Мало и Големо Турчане со соседните села Беловиште и Балиндол денеска е пуштен во употреба.

Градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта на пуштањето на патот им се заблагодари на жителите од овој крај за соработката при реализацијата на овој инфрстаруктурен проект.

- Изградбата на овој пат, жителите ја бараа многу одамна, но како што ветивме, тоа и го реализиравме. Со пуштањето во употреба, жителите од овој дел на градот полесно ќе комуницираат со соседните села и ќе ги имаат истите услови како и останатите жители каде има асфалтирани улици, рече градоначалникот Бејта.

Локалниот пат со должина од 650 метри е инвестицијата на локалната самоуправа за кој се издвоени близу три милиони денари.