Бизнис
7. November 2018 - 19:43

Пуштен во употреба нов систем за водоснабдување во Гевгелија

Снбдувањето  со  квалитена и чиста вода за пиење во Гевгелија  повеќе нема да биде проблем. Од денеска гевгеличани имаат нов водоснабдителен систем со кој се решава и едно од најгорливите прашања старо околу една ипол деценија. Проектот е вреден 1,7 милиони евра преку кој се обезбедува вода за пиење на 17 500 жители или 76% од вкупното население во Гевгелија, но и за околу 2000 жители од селата Селемли и Стојаково во општина Богданци.

Новиот водоснабдителен систем во Гевгелија беше изграден со средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски, Европската Унија, Светска Банка и општина Гевгелија. 

Министерот за транспорт и врски најави  дека поддршката од  ресорното министерство за општините ќе продолжи и во иднина. Тој информираше дека тие ќе обезбедат 70 милиони евра за  изградба и реконструкција на локалните патишта и улици и ќе обезбеди нова кредитна линија од Европската инвестициска банка за подобрување на водоводните и канализационите мрежи во сите општини.