Македонија
8. December 2015 - 17:00

Пуштен е во употреба пешачкиот натпатник што ги поврзува населбите Хиподром и Инџиково

Завршен натпатникот на влезот од Скопје кој ќе ги поврзува населбите Хиподром и Инџиково. Челичната конструкција со бетонски столбови  долга 63 метри ќе ја зголеми безбедноста за граѓаните од овие населени места. Натпатникот е осветлен со 12 канделабри, осветлени се и рампите, а површината за движење е широка 3 метри. Со оваа инвестиција се зголемува безбедноста кај пешаците и велосипедистите кои од сега  безбедно и непречено ќе минуваат преку автопатот.

Министерството за транспорт до сега инвестирало во  7 локални улици во Гази Баба. Во најава е и изградба на нова клучка кај Смилковци која исто така е на барање на граѓаните. До крајот на годината ќе биде завршен и  локалниот пат Сингелиќ- Раштак.

Долж автопатот на коридор 10 се градат патишта, патна сигнализација се осветлуваат клучки информираше министерот Мисајловски. До сега се поставени над 1000 знаци, дополнително нова хоризонтална сигнализација за што министерството инвестирало 4,7 милиони евра. Милион евра се вложени во осветлување на автопатишта, магистрали, влезовите на градовите, 18 клучки а се работи на уште  3. Целта потенцираше Мисајловски да се обезбеди квалитетна патна мрежа и сигурен и безбеден сообраќај.