Македонија
4. јуни 2021 - 16:33

Пуштен дел од експресниот пат Штип – Радовиш

Пуштена во употреба првата делница од експресниот пат Штип – Радовиш во должина од 23 и пол километри. Патот е изграден по највисоки стандарди за безбедно одвивање на сообраќајот, со две коловозни и две помошни ленти со широчина од 12,5 метри. Максималната дозволена брзина е 110 км/час.

-Изведени се вкупно 7 под патници и над патници, 11 мостови, од кои еден е со должина од 322 метри и е единствен од ваков тип во Европа-изјави Благој Бочварски министер за транспорт и врски.

Бочварски додаде дека, патот има големо значење и за развој на локалните економии, зашто во регионот кој го поврзува егзистираат 12 000 мали и средни претпријатија.

Интензивно се работи и на изградбата на втората фаза на овој епкпресен пат. Клучката Три Чешми до Штип- Југ, која треба да биде завршена во текот на 2022 година и делницата од Бучим до Радовиш, која треба да биде завршена до авгист или септември оваа година-изјави Бочварски

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со реакција дека експреспресниот пат е целосно изготвен проект на претходната Влада уште во 2015 година.

-Социјалдемократскиот сојуз на готово доби изведувач на работите на овој пат, и заради нивната неспособност не успеаја да ги завршат на време како овој проект, така и останатите проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Иван Јорданов, ВМРО-ДПМНЕ.

Вкупната должина на експресниот пат изнесува 40 км, а се планира да се гради и до Струмица и Гевгелија.