Македонија
31. January 2020 - 8:11

Пуштање во употреба на граничниот премин Белановце

Во месноста Белановце денеска во официјална употреба ќе се пушти граничниот премин Белановце – Станчиќ.

На отворањето на преминот ќе се обратат премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој воедно е и координатор на Владата за реализација на овој проект.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на настанот се очекува да присуствуваат и други видни личности од двете земји.