Македонија
7. јуни 2016 - 11:07

„Пушкинови денови“ по осми пат во Кисела Вода

Во организација на општина Кисела Вода и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, во паркот „Пушкин“ се одржа манифестација по повод 217 години од раѓањето на Александар Сергеевич - Пушкин.

„Пушкиновите денови” кои локалната самоуправа традиционално ги организира по осми пати, во паркот Пушкин. Пред бистата на Пушкин, цвеќе положија претставници од општина Кисела Вода и делегација од Амбасадата на Руската Федерација, предводена од Михаил Лушин, аташе во Амбасадата.

Манифестацијата одржана по повод 217 години од раѓањето на големиот руски и светски поет продолжи со богата програма која опфати музички изведби на трио флејти на учениците од МБУЦ „Илија Николовски - Луј“, беше интерпретирана руска поезија од студентите на катедрата за Руски јазик од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ, додека пак членовите на руските културни уметнички друштва од  ансамблот „Чајка” и ансамблот „Славјанка”, изведоа сплет на руски игри.