Живот
13. October 2017 - 10:22

Пура на Черчил продадена за 12.000 долари

Дополу испушената пура на некогашниот британски премиер Винстон Черчил, долга 10-ина сантиметри, што тој ја запалил на патот кон Париз во 1947 година, беше продадена за нешто повеќе од 12.000 долари на интернет аукција.

„Артефактот“ го купил колекционер од Палм Бич на Флорида, соопшти аукциската куќа „РР Аукшн“ од Бостон.

Куќата наведува дека Черчил ја пушел токму таа пура на 11 мај 1947 година, кога слетал на тогаш главниот париски аеродром Бурже. Пурата ја зачувал британскиот пилот Вилијам Алан Тарнер.

Заедно со цигарата, продадена е и фотографија на Черчил со пура на аеродромот, на која се наоѓа и неговиот потпис.