Пулицерови награди за „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Њујоркер“ и „Ројтерс“
Пулицеровите награди, најпрестижни во областа на американското новинарство, доделени се на Универзитетот Колумбија, а меѓу лауреатите се весниците Њујорк тајмс, Вашингтон пост, Њујоркер, Прес демократ како и британската агенција Ројтерс.
Њујорк тајмс, и Вашингтон пост се добитници на Пулицеровата награда за национално известување, а наградата им ја донесе разсветлувањето на истрагата за можните контакти на предизборниот тим на претседателот Доналд Трамп и руски претставници.
Њујорк тајмс и Њујоркер освоија награда за јавна служба, а за исвестување за Харви Вајнстин и сексуалното вознемирување.
Весникот Прес деморкати од Санта Роса, во Калифорнија, е добитник за итна вест, - за пожарите што минатата есен ја зафатија Калифорнија.
На агенцијата Ројтерс и се доделени две Пулицерови награди – за меѓународно известување и за фотографија.
Во областа на уметноста, наградите се доделуваат во седум категории меѓу кои и роман, драма и музика.
Кога станува збор за музика, лауреат е раперот Кендрик Ламар за делото DAMN, и тоа е прв некласичен или џез уметник кој ја освоил таа награда.
Романот на Ендрју Шон Грир, Les s, освои Пулицерова награда за роман, додека наградата за драма ја доби Мартина Макој за Cost of Living. Френк Бидарт е добитник на наградата за поезија за делото под наслов Half-Light.
Првите Пулицерови награди за новинарство се доделени во 1917 година.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата