Балкан
19. November 2015 - 21:35

Пукотници среде Белград - Еден маж бил застрелан во стомакот, а друг во ногата...

Двајца мажи биле застрелани, еден во стомакот, а друг во ногата, велат првите полициски извешати.
 
Двајцата се повредени во престрелка во белградското предградие Вилине Воде на Дунавска улица. Напаѓачот пукал од пиштол, информира телеграф.рс
 
Пукањето се случило нешто пред 17 часот, посочува белградски курир. Двете лица биле застрелани од огнено оружје – еден во стомак, а другиот во ногата.
 
Според курир.рс престрелката се случила крај „Темпо„ на паркинг. Човекот кој е застрелан во стомакот бил пренесен во Ургентниот центар на реанимација, а другиот во болницата во Звездара.