Македонија
12. May 2018 - 12:23

Пукотници синоќа ги вознемирија граѓаните во Карпош: Пукање од автомобили во движење

Синоќа околу 22:45 часот пријавено е дека на крстосница на ул. „Софиска“ со ул. „Московска“ во Скопје од две патнички возила „Ауди“ во движење било пукано кон патничко возило „Мерцедес“. 

На местото на настанот излегле полициски службеници и при преглед на теренот биле пронајдени четири чаури калибар 9 мм.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.