Џет-Сет
23. April 2017 - 18:01

Пукна љубовта: Дара Бубамара го шутна кошаркарот, еве и зошто

Дара Бубамара ја раскина врска со кошаркарот Душко Буниќ.

Тие двајцата уживаа во врската од септември минатата година, а последните месеци многу се караа.

-Последните месец дена на Дара и Душко не им одеше. Таа нон-стоп патува, а тој има обврска со клубот во Словенија, каде игра кошарка, па се поретко се гледаа. Исто така, кавгите и несогласувањата беа се почести, па Дара одлучи да стави точна на нивната врска, вели извор близок до пејачката.

Дара во моментов му е посветена на синот Коста и работи на новиот албум.